Владата на почетокот на 2013 година обезбеди четири кредитни линии за долгорочно финансирање за купување, изградба и адаптација на мали сместувачки капацитети до 70 легла со стандард не поголем од оној со три ѕвезди, објавува „skopjeinfo.mk“.
Потребата од различно категоризирани хотели е диктирана и од зголемениот број туристи и Македонија како бизнис-дестинација. Скопје засега има 41 хотел. Од нив, пет хотели се со пет ѕвезди, пет со четири ѕвезди и десет со три ѕвезди.
– Според инвеститорите, има повеќе фактори што влијаат врз подемот на изградбата на хотели, но меѓу нив е ланската одлука на Владата државните градежни парцели да ги продава со почетна цена од само едно евро за квадратенметар, па многу од најавените хотели ќе се градат токму на државно земјиште. Во оваа насока, на почетокот на годинава Владата обезбеди четири кредитни линии за долгорочно финансирање за купување, изградба и адаптација на мали сместувачки капацитети до 70 легла со стандард не поголем од оној кој е определен со три ѕвезди – пишува skopjeinfo.mk.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



