15-годишната Сабина Селимовиќ, која избега од својот дом во БиХ за да се омажи за терорист и да се бори на страната на Исламската држава во Сирија загинала во судирите во таа земја, објавија австриските медиуми. Информацијата ја добила австриската полиција, но сè уште не може официјално да се потврди. Според нивните податоци, индетитетот сè уште не е јасно утврден, па можно е да станува збор и за 16-годишната Самра Кешиновиќ.
И двете девојчиња отидоа во војна откако претходно беа регрутирани на Балканот да се борат за воспоставување Калифат. Според разузнавачки информации на српските безбедносни служби повеќе од 300 муџахедини од поранешна Југославија се борат на страната на ИСИЛ. Иако се регрутираат борци од Србија, БиХ, Албанија, Косово, Македонија и Словенија центарот за регрутација за овој дел од Европа е во Виена.
Поранешниот началник на српската ВБА, Момир Стојановиќ вели дека регрутирањето луѓе на нашите простори за исламските движења е сериозен безбедносен проблем.
– Овакви проблеми бараат цврста соработка на разузнавачко-безбедносните сектори на сите земји во регионот. Постои потреба заедно да се бориме против радикалните исламисти, да организираме нови средби на кои би се занимавале со феноменот на продор на радикални групи – вели Стојановиќ.
Тој додава дека многу агенции посредуваат во регрутирањето, така што патувањето е камуфлирано како туристичко, а станува збор за префрлање на луѓе на боиштата.
– Постојат млади луѓе што од економски причини се приклучуваат. Треба да се разграничи дали некој е приклучен од вакви причини или од религиозни убедувања, затоа што доколку причините се идеолошки, станува збор за сериозен проблем – вели Стојановиќ.
Исламската држава пред неколку месеци објави петогодишен план на глобална доминација. Меѓу целите што се поставени е и освојување на целиот Балкан за кој смета дека треба да биде дел од глобалниот калифат. Тие мислат дека во сите балкански земји треба да се воспостави строгиот шеријат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трамп има право да бара соработка со Русија против ИСИЛ во Сирија
-
Лекари планирале терористички напад со антракс во Кенија
-
Голема акција: Ердоган ги предаде терористите – македонски државјани војувале во редовите на ИСИЛ
-
Светот во шок: Децата ѕверови на ИСИЛ безмилосно ги ликвидираат своите жртви (Фото)