| четврток, 6 декември 2018 |

Стотици илјади евра украдени од скопска банка!

Неколку стотици илјади евра фалат од трезорот на банка во Скопје, објави Алфа.

Парите најверојатно станале плен на тројца вработени во банката, кои за  да ги наполнат своите џебови не употребиле оружје, наместо пиштоли и пушки за грабежот, ја искористиле можноста што имале директен допир со парите.

Според информации на Алфа, полицијата веќе им ставила лисици на рацете на двајца трезористи и еден одговорен за безбедноста на парите во банката. Министерството за внатрешни работи ја потврди оваа информација, а детали за овој грабеж кој се вбројува меѓу најголемите грабежи на Банки во Македонија ќе открие утре.

Текот на истрагата на полицијата одел во насока дека трезористите парите не ги влечеле од сметки на штедачите туку кога ги полнеле банкоматите, само софтверски ја внесувале правилната сума, а половина од парите кои ги ваделе од банкарскиот трезор, си ги ставале в џеб. Колку пари тежи точно ќарот на крадците допрва ќе се утврдува, досегашната пријавена штета на банката говори за сума од неколку стотици илјади евра.

Стратегијата за празнење на трезорот ја разработиле летово, нашите извори говорат дека откако им успеало првиот пат во јуни, зачестила праксата – наместо во банкомат, парите да ги зимат за себе.

Истрагата која ја води полицијата ја ограничува информацијата за откривање на името на банката, сметките и парите на штедачите се безбедни, а од кражбата единствено оштетена е банката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top