| четврток, 6 декември 2018 |

Милевски пред промоција во нов селектор на младинската репрезентација

Благоја Милевски ќе биде нов селектор на македонските фудбалски надежи до 21 година, а промоцијата ќе биде во текот на оваа недела. Поранешниот тренер на Вардар ја доби довербата на Фудбалската федерација, а конкуренција му беа Гоце Седлоски и Жикица Тасевски.

Милевски ќе го почне новиот циклус квалификации за пласман на Европското првенство во 2017 година. Новиот селектор ќе има тешка задача да се обиде да го поправи впечатокот од настапите на младите репрезентативците на Македонија, кои завршија како последни во циклусот за ЕП 2015 во Чешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top