За гостувањето на големата светска ѕвезда Жулиет Бинош на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола, известија и европските и балканските медиуми. Така, хрватскиот „Јутарњи лист“ објавува информација дека дивата на светската кинематографија Жулиет Бинош присуствувала на отворањето на фестивалот „Браќа Манаки“.
За гостувањето наголемата ѕвезда во Битола известија француските медиуми меѓу кои и француската „ТВ5 Монд“, најголемaта телевизиска мрежа во Франција.
35-тото издание на „Браќа Манаки“ кое почна на 13 ќе трае до 19 септември. Освен Бинош, во Битола дојдоа и оскаровците Лука Бигаци, добитник на наградата за животно дело „Златна камера 300“ и Англичанецот Крис Менџис. На „Браќа Манаки“ два македонски филма ќе имаат премиери, „До балчак“ на Столе Попов и „Децата на сонцето“ на Антонио Митриќески.
Вкупно 76 филма во осум категории ќе бидат прикажани на Фестивалот, меѓу кои и омаж на Милчо Манчевски. Годинашниот јубилеј ќе се одвива под слоганот „Кон ѕвездите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.