Во текот на изминатиот викенд во Скопје се регистрирани 11 нови случаи на жолтица.
Тројца од нив се основци и двајца средношколци. Има и дете од 2 години но тоа не оди во градинка. Останатите заразени се на возраст до 51 година.
Новозаразените не се поврзани и се од 6 скопски општини. Од нив 4 се хоспитализирани на Инфективна Клиника каде има уште 17 пациенти со жолтица.
Со ново заразените, вкупната бројка во Скопје достигна 144 лица заразени со жолтица. Најмногу има во Шутка, каде минатата недела епидемиолошки тим од скопскиот центар за јавно здравје разговараше со локалната самоуправа за поголема хигиена и преземање на соодветни мерки.
Поради долгиот инкубациски период надлежните велат дека не може да се направи проценка дали жолтицата ќе се прошири во училиштата и во градинките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.