Ново истражување на француски научници покажува дека човечкиот мозок во текот на сонот, работи многу повеќе отколку што досега се мислело.
Студијата укажува дека можеме да ги препознаеме и категоризираме зборовите додека спиеме. Научниците успеале да докажат дека мозокот во текот на сонот е многу поактивек отколку што се сметало.
– Докажавме дека мозокот додека спиеме е многу поактивен отколку што се верувало, вели коавторката на студијата и конгнитивен невронаучник од Париз Сид Кудер, пишува „Хафингтон пост“.
– Далеку сме од паѓање во чистилиштето кога ќе заспиеме, бидејќи делови на нашиот мозок рутински процесуираат што се случува околу нас и реагираат на важни работи, појаснува Кудерова.
Во својата студија истражувачите користеле електроенцефалограм (ЕЕГ) за да ја снимат активноста на мозокот на 18 мажи и жени, кои довршувале задача на класификација на зборови.
Задачата подразбирала слушање на изговорени зборови, а потоа притискање на копче со користење на десна или лева рака – животно (десна рака), објект (лева рака).
Истражувачите потоа го ставиле секој од испитаниците во мрачна соба за да го завршат тестот кога ќе паднат во сон, а потоа ги снимиле нивните активности на мозокот.
Исто како кога биле будни, луѓето ги класифицирале точно зборовите и додека спиеле. Иста активност на мозокот се случувала и во будна состојба, иако раката физички не е поместена во сон.
Единствена разлика била во тоа што додека спиеле им било потребно два до три пати подолго време за да одлучат во која категорија спаѓа зборот додека спиеле.
– Покажавме дека додека спиеме можеме да правиме речиси се – од носење одлуки до подготовка на реакции, наведува Кудер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


