Прометот во индустријата во јули годинава е зголемен за 12,2 отсто во однос на истиот месец лани.
-Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јули 2014, во однос на јули 2013 година, бележи опаѓање од 14,4 отсто, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 24 проценти, информираат од Државниот завод за статистика.
Прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен бележи опаѓање од 3,1 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија пораст од 13 проценти.
Според главните индустриски групи, пораст од 5 преоценти се бележи кај интермедијарни производи, освен енергија, капитални производи за 30,9 и нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,4, додека опаѓање има кај енергија за 98,1 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 14 проценти.
Според податоците од Државниот завод за статистика, прометот во индустријата, пак, во јули 2014 година, во однос на претхдониот месец има пад од 3,2 отсто, додека во периодот јануари-јули 2014 година, во однос на периодот јануари-јули 2013 година има раст од 12,3 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.