| четврток, 6 декември 2018 |

Масовна тепачка со домати поради санкциите врз Русија

Со домати против санкциите на Русија воведени од Европската унија.

Неколку стотици луѓе беа дел од масовната тепачка со презреани домати во Амстердам, изразувајќи го незадоволството кон санкциите, кои Брисел ги воведе минатата недела, а кои се однесуваат на големите руски банки под државна капа, како и нафтените и гасни компании.

Учесниците употребија 10 тони или околу 120 илјади домати, а секој од нив за учество требаше да плати 15 долари за час, пари наменети за чистење на плоштадот Дам.

Несекојдневната тепачка е копија на познатиот шпански фестивал Томатина, кој секоја година се одржува во Буњол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top