Германскиот репрезентативец и фудбалер на Баерн Минхен Бастијан Швајнштајгер ја прекина кратката авантура со српската тенисерка Ана Ивановиќ, бидејќи и се вратил на својата поранешна девојка Сара Брандер.
30- годишниот Швајнштајгер со тенисерката бил во врска околу два месеца, а пред неколку дена беа уловени како шетаат низ Њујорк и се држат за раце.
Смирувањето меѓу Бастијан и Сара се случило во Минхен на романтична вечера. Германските медиуми тврдат дека Швајнштајгер се покајал и дека на Сара и ветил дека има „постојано место во неговото срце“.
Фудбалерот во саботата после натпреварот меѓу Баерн и Штудгарт (2:0) во хотел во Минхен се сретнал со Сара, а потоа поминале романтична вечер на која се смириле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


