
Вечерва во 20 часот, во кафе барот „Мистер Џек” во Скопје ќе се одржи промоција на збирката љубовна поезија на познатиот македонски драмски актер Драган Спасов -Дац со наслов „До 101 и назад”.
Промоцијата е отворена за сите вљубеници во добриот љубовен збор, кои ќе можат да слушнат стихови во кои Дац успева на неверојатен начин да ја соголи својата душа пред читателите. За оваа извонредна поезија ќе говорат Томислав Османли и Венко Андоновски.
Издавачот „Фондација МАКЕДОНИКА” www.makedonika.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


