
Претседателот на Ирак, Фуад Масум, побара што е можно поскоро да почнат воздушните напади против џихадистите на Исламската држава.
– Мора веднаш да се дејствува бидејќи ако се одложува може да окупираат други територии и да станат уште посилни – изјави Масум, а пренесе АФП.
Ирачкиот претседател побара што е можно поитно почнување на воздушните напади на исламистите во Ирак и тоа во очи на денешната Меѓународна конфренција во Париз на која министри за надворешни работи на 20 земји ќе разговараат за начините и за борбата притив муџахедините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


