| четврток, 6 декември 2018 |

Балотели имал секс со навивачка на Ливерпул, па ја оставил среде пат

Новото засилување на Ливерпул, проблематичниот Марио Балотели, се најде на насловните страници, повторно со нов скандал.

Британскиот весник „Мирор“ напиша дека Марио ја запознал 23-годишната Емили Далтон, навивачка на тимот од „Енфилд“, и ја однел во неговата куќа. После три часа минати заедно во креветот, Балотели ѝ кажал на девојката: „Беше убаво, ми помогна за фудбалот, но сега оди си“.

Веднаш по тоа, Марио ја избркал убавата Ема од неговиот дом, принудувајќи ја среде ноќ да излезе на улица и самата да си викне такси.

– Имавме секс три часа во неговиот дом. Марио ми рече: Ми се допаѓа тоа. Ова ми помага да играм подобро – изјави Ема, физерка од Ливерпул и додава:

– Знам дека тој има репутација, но мислев дека се променил, созреал, но… Следниот ден ми се јави и ми кажа дека сака да бидеме само пријатели. Не требаше да заминам во неговиот дом, но она што е направено е направено. Сега се чувствувам глупаво. Тој е заинтересиран само за една работа од мене, а по сексот веднаш ме избрка.

Следуваше одмаздата на Ема, која испрати слика на нејзиниот задник со текст „МБ“ и големо Х.

marioema2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top