Неколку дена пред референдумот, англиската модна дизајнерка Вивиен Вествуд синоќа во Лондон одржа модна ревија во знак на поддршка за независноста на Шкотска.
Моделите носеа килтови и облека со боите на шкотското знаме и карирани дезени карактеристични за шкотскиот фолклор, како и беџови со написот „ДА“.
– Ја мразам Англија. Ми се допаѓа Шкотска бидејќи мислам дека некако тие се подобри од нас – изјави 73-годишната Вествуд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


