| четврток, 6 декември 2018 |

СЗО: Климатските промени можат да однесат стотици илјади животи

Експерти на Светската здравствена организација (СЗО) предупредуваат дека екстремните временски услови и глобалното затоплување можат да однесат стотици илјади животи.

Таквите промени ќе го олеснат ширењето на низа болести, како маларија, денга грозница или чикунгунија, соопшти Светската здравствена организација.

Според податоците на СЗО, климатските промени го загрозуваат квалитетот на воздухот, водата и на храната. Со продолжување на постојните трендови глобалното затоплување меѓу 2030 и 2050 година ќе биде одговорно за смртта на 250.000 луѓе годишно.

Со зголемување на бројот на гладни, водечки причини за зголемена смртност ќе бидат и дијареата и екстремните жештини.
Експертите предупредуваат дека последиците од климатските промени нема да бидат ограничени само на земјите во развој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top