Осумгодишно девојче загина во забавен парк за време на возењето на вртелешката „Ер Макс 360“ во Јужна Австралија. Девојчето паднало од седиштето и во критична состојба било пренесено во детската болница, каде што им подлегнало на повредите.
Тринаесетгодишната Емили Фурно била сведок на оваа трагедија.
– Имаше крв секаде. Сите бевме шокирани. Таа падна од седиштето, се држеше со нозете некое време, но наеднаш само одлета. Беше како во хорор-филм – наведува Фурно, потресена од несреќата, пренесува „Д Аустралијан“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.