| четврток, 6 декември 2018 |

Исламска Држава заработува по три милиони долари дневно од продажба на нафта

Организацијата „Исламска држава“, која зазеде поголеми територии во Ирак и во Сирија секој ден од продажба на нафта заработува над три милиони долари, со што е најбогата терористичка организација во светот.

140619-isil-iraq-mn-905_f8e4758ae16a0155ba21adb1595c738c-564x272

Екстремитите од ИД во моментов контролираат 11 нафтени наоѓалиште на територијата на Ирак и Сирија, а нафтата која оттаму се добива ја продаваат на црно на пазарите во Јордан, Турција и Ирак. Цената на нафтата се движи меѓу 25 и 60 долари за барел, додека пазарната цена на „црното злато“ е над сто долари за барел.

Според оценките на американското разузнавање авијацијата  на САД лесно може да ги уништи објектите на нафтената инфраструктура, која и носи приходи на ИД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top