Српскиот кошаркар Милош Теодосиќ нигогаш не играл подобро за репрезентацијата како на ова Светско првенство. А покрај тоа, успеа да влезе во историјата со тоа што по вторпат е избран во најдобрата петорка од натпреварувањето.
Теодосиќ е првиот играч што во финале на Светско првенство имал седум асистенции, поради тоа влезе во историјата како играч со најмногу успешни додавања во натпреварот за златен медал. Рекордот досега беше во рацете на Шпанецот Пепе Санчез, кој во 2002 година запиша шест асистенции, а на толку застана и Дерик Роуз во синоќешното финале.
Теодосиќ на натпреварот против САД одигра 23 минути и 30 секунди и запиша 10 поени, имаше седум асистенции, а натпреварот го заврши без ниту еден скок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.