| четврток, 6 декември 2018 |

Бил Гејтс донираше 50 милиони долари за сузбивање на епидемијата на ебола

13gates8

Минатата седмица, фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс објави дека ќе донира неверојатни 50 милиони долари за сузбивање на епидемијата на ебола во западна Африка.

Парите ќе бидат одобрени за купување на најпотребните средства за борба против епидемијата во заразените држави.

Средствата ќе бидат насочени кон развивање вакцина за оваа болест, како и за подобра дијагностика за да се зголеми стапката на рано откривање.

Досега од Фондацијата на Гејтс се уплатени околу пет милиони долари на Светската здравствна организација, а дополнителни пет милиони долари за УНИЦЕФ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top