Израел првпат назначи жена за амбасадор во арапска држава, јавија локалните медиуми.
Еинат Шлаин, која 22 години работи во израелското Министерство за надворешни работи, ќе биде амбасадор во Јордан по десет месеци.
Израелското Министерство за надворешни работи го објави назначувањето на вкупно 12 нови амбасадори, од кои седум се жени. Една од нив ќе биде на чело на израелската амбасада во Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.