| четврток, 6 декември 2018 |

Провалила во станот на комшијата и го силувала додека спиел

Против 26-годишната Шанте Гилмaн од Сиетл е поднесена пријава поради силување на пет години постариот сосед, чие име полицијата не го објавила.

Девојката среде ноќ упаднала во станот на соседот, кој веќе спиел по бурната вечер која ја имал по повод роденденот на еден пријател, кој наводно го познавала и неговата сосетка.

– Штом пристигнал дома, заспал. Се разбудил во два часот по полноќ и врз себе ја видел 170 сантиметри високата и 108 килограми тешката Шанте Гилман, а во неа бил неговиот еректиран полов орган – стои во полицискиот извештај.

Тој најнапред ѝ рекол на девојката да се тргне од него, но таа го игнорирала. Некако се извлекол, потоа ја избркал од станот и заминал во болница да го прегледаат како жртва на сексуален напад.

Засега не е јасно како неговата сосетка, која веќе има полициско досие за обид за кражба и кражба на автомобили, влегла во неговиот стан.

На полициското испитување Шанте рекла дека не се сеќава ама баш на ништо, бидејќи патела од душевна болест и имала биполарно нарушување.

Во болницата направиле анализа и ги споредиле трагите од ДНК-а и било утврдено дека меѓу нив навистина имало сексуален однос.

Поради тоа, Шанте е обвинета за силување и напад на жртва која не била во состојба да се согласи на сексуален однос бидејќи била физички беспомошна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top