Албански екстремисти од Косово подготуваат атентант врз папата Франциск, за време на неговата посета на Тирана на 21 септември, објави српски Курир.
Според информациите на порталот, допис за овие планови имало испратено и до Србија, во кој било наведено дека осомничените атентатори биле членови на озлогласената терористичка организација Исламска држава.
Овие застрашувачки информации ги обелодениле членови на израелската разузнавачка служба Мосад, а како што пишува италијанскиот весник „Kориера дела сера“ албанската влада и нејзината разузнавачка служба лично го алармирале Интерпол од сериозниот страв дека токму во нивната земја му се заканува смрт на папата, па се поставува и прашањето дали се во можност самите да се справат со предизвикот.
Анонимен дипломатски извор за „Kурир“ изјавил дека Србија примила допис дека животот на папата е во опасност поради посетата на Албанија.
-Наведено е дека постои основано сомневање дека екстремисти ќе се обидат да извршат атентат врз лидерот на Римокатоличката црква – изјавил дипломатот.
Израелските разузнавачи ги алармирале сите безбедносни агенции, вклучувајќи ги и италијанските, дека присуството на екстремисти на албанска територија во последно време е значително зголемено.
– Стравови постојат поради стотината косовски Албанци, ветерани од војната против Сирија, кои прифатија исламски фундаментализам за време на џихадот во Сирија и во Ирак, каде што се бореа на страната на Исламската држава – пишува „Kориера дела сера“ и додава дека преку нив најверојатно лидерите на ИД го одредиле папата како најважна цел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.