| четврток, 6 декември 2018 |

Кралицата Елизабета Втора со порака до Шкотите пред референдумот за независност

kralica elizabeta

Британската кралица Елизабета Втора се надева дека Шкотска внимателно ќе ја разгледа одлуката дали на претстојниот референдум на 18 септември да стане независна држава, објавија британските медиуми.

– Се надевам дека народот добро ќе размисли за иднината – рекла кралицата откако присуствувала на црковната миса во близина на својот имот во Балмор во Шкотска.

Според анкетите, се води „мртва трка“ меѓу приврзаниците на независност и противниците, но на последното мерење на јавното мислење во петокот, противниците за независност повторно го презеле водството.

Шкотската национална пратија, која се залага за независност, порача дека граѓаните, ако изгласаат отцепување ќе можат да одлучат дали ќе ја задржат монархијата или не, пренесува агенцијата Франс прес.

По извештаите на медиумите дека кралицата е загрижена поради референдумот, Бакингамската палата издала соопштение во кое се вели дека таа по тоа прашање е непристрасна и дека одлуката треба да ја донесе народот на Шкотска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top