Еден од најдобрите поединци и лидер на оваа српска репрезентација, Милош Теодосиќ, е цел на неколку НБА екипи и по завршувањето на Мундобаскетот многу лесно би можел да се пресели „преку барата“, пренесува Спортклуб.
Веќе подолг период се говори за интересот на НБА тимовите за услугите на Милош Теодосиќ, но неговите фантастични игри на Светското првенство во Шпанија покренаа цела лавина од шпекулации за негова преселба во САД, а американскиот новинар Марк Стајн ги откри условите на српскиот плејмејкер.
-Милош Теодосиќ би можел да заигра во НБА лигата ако го посака тоа и ако го одбере истото. Сепак, тој би дошол само доколку добие договор од три милиони долари по сезона- изјави новинарот на „ЕСПН“.
Стајн исто така наведе дека Мемфис, кој минатото лето покажа интерес за српскиот плејмејкер, повторно е заинтересиран, но дека Теодосиќ нема по секоја цена да замине во НБА лигата, како и дека е подготвен да тргне по чекорите на Дејан Бодирога кој никогаш не заигра во најдобрата кошаркарска лига на светот.
-Мемфис е последниот во низата заинтересирани за услугите на Теодосиќ, но Милош нема по секоја цена да дојде во НБА, а истата ситуација беше и со Дејан Бодирога кој исто така не сакаше да форсира трансфер во САД- вели Стејн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


