
Вчера во 20,30 часот на граничниот премин „Табановце“ на излез од Македонија, при вршење на редовна пасошка контрола, контролиран е Б.Р.(24) со португалска лична карта за која постои основано сомнение дека е фалсификувана.
Наведената португалска лична карта и лицето во 21,30 часот се предадени на инспектор за понатамошна постапка, а при преглед и претрес пронајдена е потврда за сместување во прифатен центар во Атина, Грција на име Х.С.(25) од Сирија. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


