| четврток, 6 декември 2018 |

Британците користат црно-бели телевизори

Пониската радиодифузна такса ги натера Британците да се откажат од телевизор во боја

televizorИ покрај современата технологија, Британците користат црно-бели телевизори. Стар телевизор имаат над 13.000 Британци, но не поради носталгија, туку поради економски причини. Телевизиската претплата за црно-бели телевизори, како што пренесува сајтот “The Register“, изнесува 49 фунти на годишно ниво, што е за речиси 100 фунти помалку од претплатата на телевизорите со програма во боја.

Интересно е дека најголемиот број регистрирани корисници на црно-бели телевизори има во Манчестер 0,8 проценти, односно кај првиот сосед на ИТ престолнината Салфорд. Во Лондон овој просек е 0,3 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top