| четврток, 6 декември 2018 |

Манифестацијата „Појадок на мост“ по петти пат во Скопје

pojadok na most

Рано утрово во Скопје на Камениот мост и „Мостот на цивилизации“ по петти пат се одржа манифестацијата „Појадок на мост“.

Градот Скопје оваа манифестација ја организира во соработка со средното угостителско училиште „Лазар Танев“. Градоначалникот на град Скопје пред почетокот на манифестацијата им посака пријатен појадок и пријатно дружење на сите присутни.

pojadok1

– Драго ми е што секоја година луѓето се сè по заинтересирани да дојдат овде, пред се да се дружат, да раговараат и да разменуваат мислења, и тоа од сите делови на Скопје, од сите општини и од сите националности. Мостовите како симбол на зближување и на овој настан го покажаа своето значење, рече градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски.

pojadok2

Тој упати благодарност до сите донатори кои за оваа манифестација донираа храна, и до сите јавни претпријатија кои учествуваа во организирањето на овој настан, на ОХИС, на војската на АРМ, како и до сите министри и до градоначалничката на општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ кои беа дел од оваа манифестација.

pojadok3

 Традиција е во Р.Македонија па и пошироко луѓето да изнаоѓаат мотиви и начини да се соберат на едно место и да се дружат. Традицијата и минатото покажале дека нашите луѓе знаееле да се дружат, ова е една нова форма којашто градот Скопје заедно со општините и со Владата на РМ, ја организира, за да бидеме еден ден во годината сите заедно на ова место, нагласи Трајановски.

pojadok4

Тој посочи дека очекува годинава бројката на присутни да надмине 2.000 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top