| четврток, 6 декември 2018 |

Парламентрани избори во Шведска

svedska

Во Шведска денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои анкетите најголеми шанси за победа и даваат на опозициската Социјалдемократска работничка партија (САП), чиј лидер Стефан Лоефвен е најсериозен кандидат за нов шведски премиер.

Анкетите покажуваат дека САП на денешните избори може да се надева на нешто над 29 отсто од гласовите, што иако би и донело убедлива победа, би било еден од најслабите резултати на партијата која доминира на шведската политичка сцена по Втората светска војна.

На второто место, според анкетите, ќе се пласира конзервативната Умерена коалициска партија (МСП) на актуелниот шведски премиер Фредрик Рајнфелт, која може да се надева на околу 20 проценти од гласовите.

Покрај овие четири партии, места во идниот шведски Парламент се очекува да обезбедат и екстермно десничарската партија Шведски демократи (СД), Еколошката партија на зелените (МП), Партијата на центарот (ЦП), Левата партија (ВП), Либералната народна партија (ФП) и партијата Христијански демократи (КД).

Според аналитичарите, социјалдемократите би можеле да обезбедат мнозинство во новиот шведски Парламент во коалиција со зелените и Левата партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top