| четврток, 6 декември 2018 |

Жежов: Андон Јанев Ќосето бил ценет војвода и човек од доверба

Историчарот Никола Жежов во вестите на „Канал 5“ зборуваше за огромниот придонес на Андон Јанев Ќосето во македонската револуционерна борба кон крајот на 19 и почетокот на 20-от век.

kosetoo500

Тој потенцираше дека Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето бил член на ВМРО комита и војвода на организацијата.

-Уште од најмали години се вклучил во македонското револуционерно движење и бил еден од најдоверливите соработници на Централниот комитет на ВМРО, тоа значи дека Ќосето бил човек од доверба. Најпрво соработката со организацијата започнала преку Даме Груев како член на ЦК. Наредбите што ги изрекувала организацијата за евентуални казнувања и смртни пресуди на шпиони, предавници и претставници на најразлични балкански пропаганди врз Македонија во тој временски период ги извршувал токму Ќосето – посочи Жежов.

Во ВМРО, како што нагласи Жежов, постоела хиерархија и наредбите доаѓале од Централниот комитет, што значи дека  ниту еден член не смеел паушално и произволно да извршува смртни пресуди или егзекуции.

-Тоа што Ќосето го извршувал, односно евентуални смртни пресуди била изречена од самиот ЦК на ВМРО. Покрај Даме Груев лично со Ќосето соработувал и му давал наредби Христо Татарчев -првиот пртседател на ЦК на ВМРО. Подоцна кога Ќосето станал комита и војвода неговата соработка била огромна и со Гоце Делчев, дури во моментите кога Ќосето ги запишувал своите спомени и му ги пренесувал на еден бугарски историчар кога зборувал за Гоце Делчев плачел како мало дете и тоа на 70-80 годишна возраст. Тој имал извонредна соработка и со војводата Јане Сандански, неговото учество не е само во ликвидации на предавници и шпиони туку учествувал и во разни киднапирања на претставници од турската власт за кои подоцна организацијата побарувала паричен откуп и на тој начин доаѓала до парични средства – истакна  Жежов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top