Попладнево Скопје го зафати силно невреме со пороен дожд проследен со град и ветер.
Поради обилните врнежи од дожд дојде до застој во сообраќајот во делови во градот.
Според УХМР, доцна попладнево и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и со грмежи. И во државата се очекува попладне облачноста да се зголеми и најпрво во западните делови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и со грмежи.
Во вечерните часови врнежите ќе се прошират и на останатите делови од земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




