Семејството на британскиот хуманитарец, на кого џихадистите во неодамна објавеното видео му се заканиле со смрт, ги повикало неговите киднапери да го ослободат, пренесува агенцијата “АФП”.
Во соопштението кое денес го објавиле од “Форејн Офис”, семејството на Хејнс наведува дека киднаперите не одговориле на ниеден нивен обид за воспоставување на контакт.
-Ние сме членови на семејството на Дејвид Хејнс. Ви пративме неколку пораки на кои не добивме одговор. Оние кои го држат Дејвид во заробеништво ги молиме да не контактираат – напишало семејството.
Дејвид Хејнс (44) од Перт во Шкотска, бил киднапиран во 2013 година, додека работел за француската агенција ACTED. Тој е татко на 4-годишно дете од бракот со хрватска државјанка.
Терористичката група Исламска држава во неодамна објавената снимка од егзекуцијата на американскиот новинар Стивен Сотлоф, објавила дека следен на ред ќе биде киднапираниот британски хуманитарец, кој бил и накратко прикажан.
Хејнс со хуманитарна работа се бави од 1999 година, а во 2000 година се преселил во Хрватска каде што работел како шеф на германската хуманитарна организација “Arbeiter Samariter Bund”.
Својата прва хуманитарна мисија за француската невладина организација “ACTED” ја одработил во бегалски камп во сириско село на граница со Турција.
Повик до киднаперите да го ослободат пратиле и “ACTED” и поглаварот на Исламската заедница во Босна и Херцеговина, Хусеин Кавазовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Притвор за тројца осомничени за убиството на семејството од Дебар
-
Цело семејство загина во тешка сообраќајка во Косово



