Управниот одбор при црквата Рождество на Пресвета Богородица од Детроит собра и донираше 54 пакети облека кои ќе им бидат дадени на социјално загрозени семејства во Тетовско. Облеката денеска во духовно-културниот центар Кирил Пејчиновиќ при Лешочкиот манастир беше распределена на осум црковни одбори кои потоа ќе ја донираат на верниците од нивните парохии.
– Ова е големо богоугодно дело. Господ да ги благослови сите оние кои се вклучија во оваа акција и инцијатива. Навистина наликува на онаа црква, прва црква во апостолското време кај што сите оние кои што имале одвишок давале на оние кои навистина немале. Во оваа прилика морам да упатам голема благодарност до управниот одбор при црквата Рождество на Пресвета Богородица од Детроит на чело со Душко Симајновски, до свештенството во храмот, особено протојерот Синиша Ристовски, кој е по потекло од Тетовско, исто така и до надлежниот митрополит американско-канадаски Методиј кој ја благослови оваа иницијатива, истакна митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија г. Јосиф.
Од црковните одбори посочуваат дека донацијата е добредојдена и ќе отиде во домовите на социјално немоќните верници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


