| четврток, 6 декември 2018 |

Дел од бизнисмените што увезуваат инсулин во нов напад на министерот

Тодоров: Квалитетот на инсулинот ќе биде највисок

Две години откако во декември 2012 година министерот Тодоров објави дека за набавка на инсулин државата заштедила преку 3,5 милиони евра а дијабетичарите немаа никаков проблем со набавка на квалитететен инсулин тој повторно е цел на напади.

Пред неколку дена медиуми блиски на опозицијата а дел од нив блиски и на трговци со лекови повторно ја враќаат темата за набавки на инсулин.

Министерот за здравство тврди дека се создава вештачка криза со инсулинот поради бизнис интереси на неколку трговци блиски на опозицијата кои што со години уживале во монополот поставен до 2006 година.

Според Тодоров намерно се плашат дијабетичарите и нивните семејства за да не запре системот во кој некои трговци со лекови со години си ги полнат џебовите на сметка на дијабетичарите.

Министерот вели дека тендерот за набавка на инсулин се прави за да има подобра конкуренција при набавката и да се намалат цените и за корисниците како што тоа се случи со илјадници други лекови во последниве години.

Тодоров уверува дека квалитетот на инсулинот не може да биде спорен затоа што според најавите тој треба да биде од Данска или САД каде има највисок квалитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top