| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓанец го натепал соседот бидејќи ја мерел соседната парцела

СВР Охрид до основниот суд во Охрид поднесе барање за поведување прекршочна постапка против А.Ѓ.(35) од Охрид, поради постоење основи на сомнение дека со физички напад го нарушил јавниот ред и мир.

Пријавениот, на 20 август најнапред вербално, а потоа и физички го нападнал С.К.(59) од Охрид-привремено вработен во САД пред неговиот дом на улицата „Даме Груев“ во Охрид  во момент кога тој со овластени службени лица започнал мерење на парцелата која граничи со местото на пријавениот А.Ѓ.

Истиот, револтиран што соседот С.К. телефонски го известил дека ангажирал овластена агенција и дека ќе отпочне мерење на парцелата, пристигнал на парцелата каде требало да се врши мерењето и на оштетениот му упатил навредителни зборови, а потоа со тупаница го удрил во пределот на левото око и левиот дел од главата. О

д ударот, С.К. паднал во бесознание по што веднаш бил префрлен во општата болница во Охрид, по укажаната помош С.К. е пуштен на домашно лекување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top