| четврток, 6 декември 2018 |

Случај Лука: Соучесниците пуштени од затвор, пцовки кон новинарите

Нов тек во случајот со несреќната смрт на 21-годишниот Лука Јовановиќ, кој одејќи накај дома по излегувањето во град со другарите во раните утрински часови беше прегазен на Бранков мост во Белград. На Лука налета возилото со кое управуваше Марко Миличев, кој со уште неколкумина пријатели се упатуваше кон ноќен клуб, по што сите заедно го напуштиле местото на несреќата, без да помогнат.

Соучесниците во убиството синоќа околу 20:30 часот се пуштени од притвор. При излегувањето од затворот тие се наведнувале и ги криеле главите од фоторепортерите и камерите, пренесува српски „Курир“.

Милица Новаковиќ која прва излегла преку затворската капија почнала да вика и да ги пцуе насобраните новинари, а додека влегувала во автомобилот ги избуткала новинарите, по што од возилото им покажала среден прст.

1soucesnici500

По неа од затворот излегле и Никола, кој ништо не сакал да коментира, а по него биле и Милица, Дана и Тамара. По неколку минути излегла и Бојана Петровиќ која го ставила џемперот преку главата за да не ја фотографираат.

Судијата по сослушувањето донел пресуда според која сите петорица се обвинети за прикривање на убиството на Марко Миличев, и истите се осудени на домашен привор.

Според неофицијални информации Дана и Никола се согласиле на шест месеци куќен притвор, Милица на осум месеци, а Бојана се согласила на четири месеци. Тамара Богдановиќ која не сакаше да ја признае вината била неодлучна и низ солзи го признала прикривањето на убиството на младиот Лука, таа бидејќи последна ја призна вината добила 10 месеци домашен притвор.

Судењето на Миличев е во тек.



 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top