| четврток, 6 декември 2018 |

Во Јемен се стрелаат малолетници

decaВо Јемен во изминатите пет години се извршени смртни казни над најмалку 15 малолетници, објави денеска „Хјуман рајтс воч“. Њујоршката невладина организација го повика јеменскиот претседател Абд Рабу Мансур Хаџи да ги укине смртните казни за три малолетници, кои се очекува да бидат егзекутирани.

– Со испраќањето деца на стрелање Јемен тешко може да покаже дека ги почитува човековите права – истакна Пријанка Мотапарти, активист на „Хјуман рајтс воч“ за правата на децата.

„Хјуман рајтс воч“ во извештајот на 30 страници го наведува случајот на Хинд ел Барти, која е погубена во главниот град Сана. Девојката за време на наводното убиство имала само 15 години. Барти во 2012 година за „Хјуман рајтс воч“ изјави дека го признала злосторството што не го извршила бидејќи полицајците ја тепале и се заканувале со силување. Властите нејзиното семејство го информирале за егзекуцијата само неколку часа пред извршување на смртната казна. Јеменската министерка за човекови права, Хурије Машур, изјави дека според јеменскиот закон смртната казна е забранета за малолетни лица, но често луѓето немаат извод од матична книга на родените за да ги докажат годините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top