| четврток, 6 декември 2018 |

Шведска и Луксембург со еден процент сиромашни

eu znameШведска, заедно со Луксембург, има најмал број сериозно сиромашни граѓани во рамки на целата ЕУ. Нешто повеќе од 1 процент живеат во Шведска, според дефиницијата на ЕУ, како сериозно сиромашни, во споредба со просекот на ЕУ од 9 проценти, се наведува во соопштението до медиумите на шведското Централно статистичко биро.

Литванија и Бугарија соопштиле дека имаат најголем дел сиромашни – 31, односно 44 проценти, додека трета по ред сиромашна членка на ЕУ е Романија.

Бројот на сиромашни луѓе во Шведска е константен во последните години, а во земјите кои се под влијание на економската криза, сиромаштијата се продлабочува, меѓу другото во Грција, Италија, Бугарија и во балтичките земји.

Дефиницијата на ЕУ за сериозна материјална сиромаштија се базира врз недостигот од средства за најмалку четири од девет нешта на списокот.

Меѓу другото, се мисли на неможноста да се платат неочекувани и непредвидени трошоци, да не може да се патува на одмор една недела годишно или доколку е присутен недостиг од највообичаените капитални стоки. Освен тоа, сиромаштијата се поврзува и со неможноста да се има оброк со месо, пилешко, риба или вегетаријанска алтернатива секој втор ден, и доколку не може да се задоволи потребата од затоплување на домовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top