| четврток, 6 декември 2018 |

Во бизарна несреќа почина таткото на Никол Кидман

Д-р Ентони Кидман, таткото на славната актерка Никол Кидман, денеска загина во Сингапур, каде што бил во посета на својата ќерка Антонија и на шестте внуци.

Според некои австралиски медиуми, Кидман по појадокот во неговиот хотел паднал, а битката со смртта ја загубил на пат до болницата. Повеќе детали за тоа што поточно се случило нема.

Д-р Кидман бил клинички психолог во Кралската болница во Сиднеј и директор на Катедрата за психологија при тамошниот Универзитет.

Во јануари оваа година актерката со својот сопруг и татко прошетаа по црвениот килим во Мелбурн. Врската меѓу нив била многу силна.

Никол секогаш зборувала дека растела во сјајно семејство кое од секогаш било блиско меѓу себе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top