Синот на Муса Џафери, заменик на претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор, ја претепал познатата пејачка Аделина Тахири со која неодамна ја раскинал врската, откако таа со новото момче и неговиот брат го посетила кафе-барот „Бар сквер“ (Bar Square) во Скопје.
Албанските медиуми пишуваат дека поранешното момче, инаку сопственик на барот, ја нападнало во доцните часови заедно со нејзиното ново момче и братот.
Извор за „Индекс онлајн“ вели дека пејачката е претепана и дека нема да може некој период да се појавува во јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


