Оскар Писториус ја убил девојка си Рива Стинкамп од невнимание и избегна потешка казна, што веројатно го очекуваше ако обвинителството на Јужна Африка успееше да докаже дека познатиот параолимпиец пукал во неа намерно. Одлуката е донесена, а се претпоставува дека Оскар ќе одлежи од 7 до 10 години зад решетки, колку што за ваков чин предвидуваат законите во Јужна Африка.
Писториус со 4 истрели од пиштол ја усмрти познатата манекенка и негова девојка, а потоа се бранеше дека мислел оти се работи за провалник во неговиот дом. Трагичниот инцидент се случи на 14 февруари годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.