Македонскиот ракометар Кире Лазаров со Барселона ќе игра во финалето на Суперглоуб, по победата од 39-29 против катарскиот тим Ел Џаиш, кој го предводи Зоран Кастратовиќ.
Ал Сад го изненади европскиот првак Фленсбург и со триумф од 27-26 се најде во финалето.
Кире Лазаров повторно беше меѓу најзабележителните постигнувајќи пет гола. Најефикасен кај Барса беше Сигурдсон со седум и Рутенка и Нодезбо со по шест погодоци.
Барселона е бранител на трофејот во ова натпреварување и во финалето е голем фаворит за одбрана на круната од минатата сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.