Според изјавите на многу експерти, следниот понеделник е најдепресивниот ден во годината. Многу истражувања покажале дека повеќе од 75% од луѓето сметаат дека најголем виновник за тоа е малата количина на дневно светло.
Самиот по себе, јануари важи за најдепресивен месец во годината, со лошо време и мало количество на дневна светлина.
Меѓутоа, третиот понеделник во јануари е вистинска приказна за себе. Причината поради која третиот понеделник во јануари е прогласен за најдепресивен ден во годината е навистина комплицирана и истата во предвид зема многу фактори кои што е тешко да се квантификуваат, како што се времето, мотивацијата и потребата за движење.
Ова тврдење за првпат го употребил Клиф Арнал, психолог од Универзитетот во Кардиф, во 2005 година.
-Мојата мотивација во овој период е многу ниска. Постои нешто што се нарекува ефект на хибернација, кога луѓето се чувствуваат летаргично и кога јадат повеќе од она што им е потребно- изјавил Арнал.
Меѓутоа, многу експерти тврдат дека “синиот понеделник” не постои, односно дека математиката на која што Арнал ја базирал својата формула е всушност бесмислена.
-Факт е дека равенствата кои што Клиф Арнал ги смислил се глупави, а некои, од математичка гледна точка, воопшто немаат ни смисла-вели Де Бен Голдарче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.