Децата во градинките ќе имаат ново мени во кујните. Првпат по една деценија ќе се менува содржината на менито, иако досега имало инцидентни промени, но тие се должеле на иницијативноста на директорите или кадарот во градинките.
Ѓорги Симовски, единствениот нутриционист вработен во Министерството за труд и социјална работа, вели дека децата во градинка веќе нема да јадат паштета и маргарин, туку сите намази и храната ќе се подготвуваат во кујните без никакви конзерванси или вештачки засилувачи на вкусот. Јадењата ќе бидат подготвени од свежи зеленчуци, овошје, млеко и месо, кои ќе се преработуваат единствено во кујните на градинките. Исхраната на децата во детските градинки е подготвена од Светската здравствена организација.
Мени или листата на јадења се изработува пред почетокот на месецот или во мал дел на градинките сезонски. Листите ги планираат одговорни медицински сестри во договор со главниот готвач. Основа за планирање на исхраната се изработените и доставени листи од нутриционист. Потребен е добар баланс на сите хранливи состојки од храната. Има точно пропишани норми колку белковини, масти или витамини треба да изеде едно дете во текот на денот според возраста. Листите се достапни на увид на родителите во сите објекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јадете повеќе од овој оброк и ќе живеете подолго: Најздравото јадење е прилично евтино
-
Самохраните родители со ниски примања нема да плаќаат за градинка
-
Како се живее без глутен: Што смеете, а што не смеете да јадете?
-
Груевски: Современ градски пазар, нови градинки, спортско-рекреативни комплекси – многу проекти за Општина Струмица