Државниот завод за статистика денеска ќе презентира податоци за домашниот бруто-производ за второто тримесечје од годинава, како и резултати од ревизијата на податоците од областа на националните сметки и спроведувањето на новата методологија на Европскиот статистички систем ЕСС 2010.
Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на пораст на домашниот бруто-производ за првото тримесечје од 2014 година изнесува 3,9 отсто, а новата проекција за порастот на БДП за годинава е дека ќе биде 3,5 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.