| четврток, 6 декември 2018 |

Угледен полицаец со месеци точи бензин без да плати – имало дупка во законот

policajac_primorac_697546S1

Триесет и тригодишниот Хрвоје Приморац, полицаец од Врбовец, поранешен помошник на началникот на крим-техника, од март годинава украл речиси 900 литри гориво вредно 9.700 куни (околу 1.300 евра). Полицијата во ниту еден момент не презела ништо, туку на сопственикот на бензиската му предложила да го гони со приватна тужба.

Последен пат Хрвоје наточил бензин во саботата, на 6 септември околу 19 часот. И овој пат заминал без да плати. Истата постапка ја повторил веќе 28 пати во последните седум месеци при што вкупно наточил 900 литри гориво. До сега полицијата не презела ништо за да го санкционира. Наводно, причината за тоа е што полицијата поднесува кривична пријава за случаи кога станува збор за кражби со штета поголема од 2.000 куни (260 евра), а за помали суми нема должност да поднесува пријави. Компанијата „Ина“, според хрватските медиуми, ќе треба сама да поднесе приватна тужба против полицаецот ако сака да си го наплати долгот. Тој, наводно, бил толку самоуверен во тоа што го прави, што воопшто не бегал од бензинските пумпи, туку само им велел дека нема пари и дека нема да ја плати сметката. Во една пригода тој дури им дал лична карта за да ја фотографираат. Неговото образложение е дека не му можат ништо затоа што постои „дупка во законот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top