Грчките новинари стапија во штрајк заради намалените плати и откази додека владата ги обвинува за саботажа бидејќи денеска е планирана посета на премиерот на Грција на Турција.
Синдикатите соопштија дека во штрајкот нема да бидат вклучени новинари кои треба да известуваат од посетата во Истанбул. Извештаите ќе се емитуваат по 17 часаот по локално време.
Новинарите штрајкуваа на 19 февруари кога во Грција допатува францускиот претседател Франсоа Оланд. Владата преку суд успеа да воспостави работа на медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.