Словенечкиот амбасадор во НАТО, Андреј Бенедејчиќ е осомничен за шпионажа во корист на Русија, тврдат неименувани извори за словенечкиот неделник „Репортер“, близок на опозицискиот лидер и поранешен премиер Јанез Јанша. Словенечкото министерство за надворешни работи ги негираше тврдењата, но признаваат дека амбасадорот е повлечен во Љубљана.
– Од разговорот што го имавме со амбасадорот произлегува дека станува збор за озборувања без никакви издржани факти – објави словенечкото МНР, кое го повика амбасадорот на консултации наведувајќи дека случајот го истражува со „најголемо внимание“.
Неделникот повикувајќи се на неименувани извори во НАТО тврди дека Бенедејчиќ, некогашен амбасадор во Москва, е со проруско расположение, што е особено чувствително во време кога ескалира напнатоста меѓу ЕУ и Руската Федерација и дека Полска барала да се истражат сомневањата дека тој „шпионира“ во корист на Русија.
Од пишувањата на „Репортер“ се огради полската амбасада во Љубљана и наведе дека за тоа не знае ништо повеќе од медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.