Како што објави порталот Фаланга македонски граѓанин заедно со уште шесмина, облечени во бурки лани украле 80 часовници вредни 1,4 милиони долари.
Ѓерѓ Ѓин, македонски граѓанин е член на бандата која го извршила милионскиот грабеж во луксузна продавница на „Ролекс” во Бахреин. Дел од бандата се уште не се пронајдени.
Полицијата според видео снимките ги идентификувала шестемина, а уапсени се Американец и Турчин, кој им помогнале веднаш по грабежот да го напуштат Бахреин. Покрај нив, во грабежот учествувале и двајца Косовари, двајца Албанци, Србин и Македонец.
Надлежните бараат преку Интерпол членовите на бандата да им бидат екстрадирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.