Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре од 8:30 до 14:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од Агино Село како и од улиците Хо Ши Мин, Краишка и Натанаил Кучевишки во општина Бутел. Без струја од 09.00 до 15.00 часот, ќе останат дел од корисниците од село Долна Матка- викендици Матка, во општина Сарај, во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од село Љубош, село Батинци, селата Цветово, Елово, Црн Врв, Алдинци, Пагаруша, селата Горно и Долно Количани, село Драчевица и село Вртекица во општина Студеничани, во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. Гаврил Лесновски, ул. Бриселска и дел од корисниците од ул. Софиска во општина Карпош, во време од 10.00 до 15.00 часот, без електрична енерија ќе останат дел од корисниците од село Долно Свиларе во општина Сарај, во периодот од 12.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. Софиска, Московска, дел од бул. Партизански Одреди, ул. Бриселска, дел од ул. Његошева, и дел од корисниците од ул. Гаврил Лесновски во општина Карпош.
Од Регионалниот центар информираат и дека утре од 9:30 часот во прекин ќе биде водоснабдувањето на улиците Дане Крапчев, Црвена Вода и Благоја Давков поради изведување водоводен приклучок Ф-80мм на улицата Мајаковски 11. Прекинот на водоснабдувањето ќе трае до санирање на дефектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


