| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Ниту еден штит не може да го запре новото руско нуклеарно оружје (видео)

Русија со новотот нуклеарно и конвенционално оружје од последната генерација ќе одговори на потезите на САД и НАТО но внимателно ќе ги одмери цените на вложување во воените системи за да не го преоптовари своето стопанство, изјави претседателот на Русија Владимир Путин.
Во говорот на состанокот во Кремљ за планот на модернизацијата на оружје Путин рече дека Западот не би требало да се изненади поради настојувањето на Москва, бидејќи постои план за рактена одбрана на САД и други одлуки за кои рече дека ја загрозуваат безбедноста на Русија.

Путин не сакаше да изнесува детали за новото оружје, но тој и останатите претставници на владата во повеќе наврати се фалеа со способноста на новата руска нуклеарна ракета да го пробие секој „анти-ракетен штит“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top